ISSN 1857-6729        MK| EN| IT| DE| FR
Bookmark and Share

За нас

Електронското списание „Македонски археолошки весник“ е заеднички проект на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан.

Негова основна функција е да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија. Со самото тоа, Македонскиот археолошки весник, еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од нашата мисија ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност.

Редакција:

  • Паско Кузман, Главен и одговорен уредник
  • Елизабета Димитрова, член
  • Кристина Бицева, член
  • Јован Донев, член
  • Данче Голубовска, член
  • Ивана Крајчиновиќ, секретар
  • Саша Крстевски, технички уредник