ISSN 1857-6729        MK| EN| IT| DE| FR
Bookmark and Share

Број 3, Година I, Октомври 2009gradient

Куќата на колекционерот од Вардарски Рид
Една од најубавите и најинтересни примероци на куќи за живеење на локалитетот Вардарски Рид претставува т.н. Куќа на колекционерот, откриена во средишниот дел на секторот Источна тераса. Нејзиното научно и културно значење...
Македонски тип  гробница од Старо Бонче
Археолошкиот локалитетот Павла Чука се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче. Станува збор за гробница од македонски тип, која според архитектонската концепција е единствена. Составена е од отворен дромос вклесан во карпа...
Гробница Македонски Тип  во Варош - Охрид
Се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, во источното подножје од повисокиот охридски рид, на десеттина метри западно од античкиот театар и улицата “Браќа Миладиновци”. Архитектонскиот склоп е типичен за македонските гробници...
Кастелот kај Пчиња
Кастелот кај реката Пчиња се наоѓа на 26 км југоисточно од главниот град Скопје и е на автопатот Скопје - Солун. Живописниот крајолик кон запад се издолжува, а реката Пчиња ги заобиколува стрмните карпи од тој предел формирајќи возбудлива форма...
Монашка населба - “Св. Преображение”, с.Зрзе
Културниот комплекс “Св. Преображение” се наоѓа 35 км северозападно од Прилеп и го опфаќа централниот дел на една заокружена биографска целост западно од селото Зрзе. Во средиштето на овој микрорегион е лоцирана...
Кратки вести
Црвенофигурална сликана керамика – Исар Марвинци (истражувања 2009 год.)
Црвенофигурално Пелике:

На предната страна е изведена претстава на борба на Амазонка со грифон. Амазонката е качена на коњ, со копје во десната рака. Грифонот е претставен со подигнати предни нозе и е изведен во бела боја. На обратната страна се претставени две фигури во химатиони пред олтар (стела) кои извршуваат обред – пурификација на штитот. Средина на IV век п.н.е.

Црвенофигурална сликана керамика – Исар Марвинци (истражувања 2009 год.) (Златко Видески)
На предната страна е изведена претстава...
Црвенофигурално Пелике:

На предната страна е изведена престава на борба на амазонка со грифон. Амазонката во десната рака држи меч, а во левата штит. Грифонот е претставен со кренати предни нозе и е изведен во бела боја. На обратната страна се претставени две фигури во химатиони пред олтар (стела) кои извршуваат обред – пурификација на штитот. Средина на IV век п.н.е.

Црвенофигурална сликана керамика – Исар Марвинци (истражувања 2009 год.) (Златко Видески)
На предната страна е изведена престава...
Црвенофигурален Стамнос Пиксида:

На садот е изведена една претстава. Централно е поставена женска фигура која во рацете носи два ковчега. Од двете страни завртени кон централната фигура се претставени две крилати женски фигури (Нике), кои држат дарови во рацете. Оваа претставата се поврзува со митот за Пандора и нејзиниот ковчег. Средина на IV век п.н.е.

Црвенофигурална сликана керамика – Исар Марвинци (истражувања 2009 год.) (Златко Видески)
На садот е изведена една претстава...