Плоча Миќов Град во Заливот на Коските
Паско Кузман
Во 1997 година беа извршени првите подводни археолошки истражувања во Македонија на локалитетот Плоча Миќов Град во Заливот на Коските, покрај јужниот брег на полуостровот Градиште, близу селото Пештани. На длабочина од 3,00 до 5,00 м беа откриени многубројни дрвени колци закачени на дното од езерото и многуброен движен археолошки материјал со хронолошка припадност на крајот од бронзеното и почетокот на железното време. Во 1998 година беше изведена втората кампања на подводни истражувања на овој локалитет, при што беа откриени, нумерирани, измерени и позиционирани 3102 колци. Подводни археолошки истражувања се вршени во кампањи континуирано до 2002 година, а со прекини до 2005 година, при што се откриени и документирани остатоци од 6000 дрвени колци. Врз основа на премерувачките зафати на габаритниот простор од населбата констатирано е дека таа се простирала на површина од околу 8500 м2. Била изградена на платформа од дрвени колци закачени на дното од езерото. Дијаметарот на колците варира од 13,0 до 30,0 см. Утврдено е дека најблискиот колец до северниот брег од заливот се наоѓа на сса 12 м во езерото што упатува на податок дека тоа е колец од подвижниот мост со кого населбата била поврзана со копното. Истражувањата покажаа дека на дното од езерото на просторот од оваа населба има впечатлива концентрација на цели и особено фрагментирани керамички садови, камени артефакти и фрагментирани животински коски. Керамичките садови и фрагменти главно се со груба фактура и ретко украсени со релјефна орнаментика, а од формите доминираат садови со држалки кои во горниот дел се стеснуваат и аглесто се истакнати, а го надвисуваат венецот на садот. Особено се присутни хоризонтално поставени држалки, а има и садови без држалки, лонци, кои во горниот стеснет дел, на вратот, имаат кружни отвори кои најверојатно служеле за протнување на канап или кожа заради нивна полесна употреба, односно носење на рамо или слично. Меѓу керамичките држалки има и такви кои го надвисуваат венецот вертикално, а завршуваат со заоблено или зарамнето цилиндрично столпче, карактеристични за раното железно време, односно за протогеометрискиот и геометрискиот период на медитеранските простори. Во рамките на движниот археолошки материјал особено се присутни кружни керамички плочки со различен дијаметар кои имаат два, три или четири мали кружни отвори. Се претпоставува дека овие предмети биле користени како риболовен прибор на тогашните жители од населбата. Од керамичките предмети присутни се исто така разни форми на пршлени, конусни и биконусни, како и предмети за ритуални потреби - жртвеници. Камените орудија се главно фрагменти од рачни мелници за жито, како и цели измазнети елипсовидни камени предмети кои сигурно служеле како како алатки за перење на облеката. Меѓу многуте фрагменти од коски на домашни животни, присутни се и фрагменти од еленски рогови кои најверојатно служеле како алатки. Врз основа на резултатите од овие подводни теренски истражувања и врз основа на анализите на движниот археолошки материјал може со сигурност да се каже дека оваа наколна населба припаѓала на доцното бронзено и на железното време, односно на времето од 1500 до 700 година пред Христовата ера.
Заливот на Коските на Охридското Езеро од 8 декември 2008 година навака претставува атрактивен музејски комплекс насловен како Музеј на вода во чии рамки влегуваат повеќе содржини: претпоставена реконструирана наколна населба на локалитетот Плоча Миќов Град на дрвена платформа поставена на дрвени колци закачни на дното од езерото, римски каструм кој е конзервиран, реставриран и презентиран на највисокото плато од ридот “Градиште”, пристапен рустичен објект од камен со музејски витрини и рустичен објект за реализација на подводен туризам.
Залив на Коските, сателитска фотографија
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Залив на Коските, сателитска фотографија
Залив на Коските
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Залив на Коските
Залив на Коските
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Залив на Коските
Залив на Коските
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Залив на Коските
Залив на Коските, изобати
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Залив на Коските, изобати
Подводни истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања
Подводни истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања
Подводни истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања
Подводни истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања
Подводни истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања
Подводни археолошки истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни археолошки истражувања
Подводни археолошки истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни археолошки истражувања
Подводни археолошки истражувања
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни археолошки истражувања
Колци на дното од езерото
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Колци на дното од езерото
Колци на дното
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Колци на дното
Колци на дното
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Колци на дното
Подводни истражувања, основа со колци на дното од езерото
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводни истражувања, основа со колци на дното од езерото
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Подводен археолошки амбиент, ин ситу
Држалки од садови, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Држалки од садови, керамика
Фрагмент од сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Фрагмент од сад, керамика
Фрагмент од сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Фрагмент од сад, керамика
Фрагмент од жртвеник, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Фрагмент од жртвеник, керамика
Сад со една држалка, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад со една држалка, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Филџан, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Филџан, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Сад, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Сад, керамика
Биконусни пршлени, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Биконусни пршлени, керамика
Дискоидни плочки, керамика
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Дискоидни плочки, керамика
Фрагменти од животински коски
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Фрагменти од животински коски
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Наколна населба, реконструкција 2008 год.; ентериер 1
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.; ентериер 1
Наколна населба, реконструкција 2008 год.; ентериер 2
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.; ентериер 2
Ентериер
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Ентериер
Куќа 1
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Куќа 1
Куќа 2
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Куќа 2
Куќа 3
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Куќа 3
Куќа 4
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Куќа 4
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Наколна населба, реконструкција 2008 год.
Охридско Езеро (Паско Кузман)
Наколна населба, реконструкција 2008 год.